Ime i prezime autora: |
Маја Крстевска Коларова
|
|
Pjesma za 4. i 5. krug (Finale / Veliko finale): |
ОМИЛЕНА
Кога престанав да ги барам сите радости, |
|
Nešto posebno o Vama! |
Родена во Штип на 29.4.1986 година. Основно и средно училиште има завршено во родното место, а студиите ги завршува на Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, на групата МАКЕДОНСКА КНИЖЕВНОСТ И ЈУЖНОСЛОВЕНСКА КНИЖЕВНОСТ. Работи како професор по Македонски јазик и литература во ООУ „Ванчо Прке“, Штип. Освен како книжевник, активна е и како фотограф, музичар, текстописец, а се занимава и со дизајн. Има реализирано шест самостојни изложби на фотографија: „Синестезија“, „Приказна за еден тромбонист“, „Запознај ме на ѕидот“, „ШКЛ низ објективот на Маја Рамона“, Мои фотографии – реизложба, „Огледало“, 2021 г. Голем дел од изложените фотографии во холот на Општина Штип се токму нејзини. Членува во повеќе здруженија и огранизации. Актуелен претседател е на ФКК „Ванчо Прке“, а член е на Националната фото-унија со титула Напреден фотограф. Основач и делегат е на фото-клуб „Широк агол“, а се јавува како автор-фотограф на книгите: „Водич за ПАСТРМАЛИЈАДА“ 2012 г. и „Водич за град ШТИП“ 2012 г. објавени од страна на Општина Штип. Во областа на фотографијата има постигнато повеќе награди на светско и државно ниво, а се јавува и како долгогодишен официјален фотограф на настани во Штип и пошироко како: ШКЛ, Пастрамалијада и др. Делегат е во Народна техника, Штип, а членува и во Институт за наука, култура и спорт ИНУКС. Успешно ја промовира македонската фотографија во ООН, Женева, како фотограф со фотографии од Македонија, 2023 г. Дел од организациониот одбор е на: „Фестивал на песни за деца ВЕСЕЛО ШТУРЧЕ“, „Куманово џез фестивал“, „Hangout music festival“, „Никулци“, Денови на македонска фотографија“, изложба на Отец Гаврил „Во мир и тишина“ и др.
|
|
Šta je po Vašem mišljenju glavni problem miru u Vašoj državi? Predložite nam rješenja, te kako poezijom donijeti i očuvati mir u svojoj zemji? |
Сметам дека мирот поаѓа од личното чувство на слобода. Да се биде слободен човек, значи да го пронајдеш сопствениот мир, а потоа и мирот на останатите. Во свет кога сите живеат по некој безличен и едноличен живот, секој од нас треба да трага по сопсвената душа и да го прави тоа што душата сака, а не тоа што светот го наложува. Поезијата е храна на душата. Потребна е што поголема промоција на истата, поголема афирмација на поетите. Стиховите да бидат насекаде околу нас. Мирот доаѓа од нас. Во Македонија главен проблем е преголемата партизација која го брише личниот живот на секој поединец. Премногу стеги се создаваат во сите сегменти на живеење. Поезијата е таа која може да го излекува општеството. Само треба да биде чуена. Треба да се отстапи простор на младите поети, а и да се даде поголема мотивација на најмалите бидејќи тие се иднината на светот.
|
|
Popis objavljenih samostalnih knjiga: |
1. „Увертира“, збирка поезија, 2012 г.;
2. „Небо со боја на боровница“, збирка поезија, 2017 г. |
Glasati možete i pregledom video snimka koji je postavljen na zvaničnu Facebook stranicu Mili Dueli:
FacebookVideo (click)